Алушовски: Имаме краток ростер, ги знаеме проблемите, имам помешани чувства...

Вардар со пораз од француски Монпелје ја заврши групната фаза во Лигата на шампионите (27-31). По мечот, стратегот на македонскиот и европски првак, Стевче Алушовски, истакна дека е горд на изданието на играчите, кои мака мачат поради повреди, поради болест, поради грипови...

<<< ПОВРЗАНО - Чупиќ емотивен: Реалноста на Вардар може е и полоша од оваа!

<<< ПОВРЗАНО - Вардар потврди: Ристовски и Мишевски се „црвено-црни“!

„Имам помешани чувства затоа што од една страна загубивме, но од друга страна играчите покажаа карактер, на чело со голманот Марко Кизиќ кој трет меч по ред во Лигата на шампионите игра одлично. Имаме краток ростер, ги знаете проблемите, не аскам да зборувам многу за нив. Дадовме максимум, но Монпелје ги однесе двата бода од Скопје. Меѓутоа, горд сум и на клубот и на навивачите и на играчите за тоа што го направивме“, изјави Алушовски.

Македонскиот тим сега чека на осминафиналниот ривал, а многу веројатно тоа ќе биде ПИК Сегед. Можно е ривал да биде и ПСЖ, но таа опција е помалку веројатна затоа што унгарскиот тим треба да победи кај Барселона, а „светците“ да загубат од Загреб.