ВИДЕО: Алушовски им се налути на вардарци – „Што е ова бе, момци!?“

Стевче Алушовски со право беше лут на тајм-аут на натпреварот меѓу Мотор Запорожје и Вардар, затоа што „црвено-црните“ играат доста недисциплинирано и имаат висока негатива на мечот во Украина.

Продадени топки, брзоплети грешки, нереализирани напади, се само дел од работите кои Вардар ги направи во првиот дел од гостувањето. Македонската легенда со право го крена тонот на тајм-аутот и беше многу лут.

  • Тајм-аутот на Алушовски против Мотор:

Вардар го одигра едно од најлошите полувремиња во последните неколку години, откако тимот е во европскиот ракометен крем.