Алушовски: Играчите да се прогласат за народни херои, прават чуда за Македонија и Вардар!

Стевче Алушовски имаше добра промоција пред македонската публика во Лигата на шампионите. Вардар убедливо го совлада Мотор Запорожје (38-28), а по дуелот, стратегот на „црвено-црните“ не го криеше задовлството.

Вардар се издигна од сите проблеми кои ги имаше и славеше убедливо над украинскиот првак. Со овој триумф тимот патува во осминафиналето на Лигата на шампионите, а допрва ќе биде познат ривалот, односно по комплетирањето на групната фаза.

„Сакам да им честитам на ракометарите. Јас сум бил во Вардар десет години како играч, сега како тренер. Никогаш Вардар не бил во полоша ситуација, меѓутоа она што играчите го направија беше феноменално. Треба на сите до еден да им се честита. Играчите мора да се прогласат за народни херои, за она што го прават за Вардар, за Македонија, за сите нас е нешто големо. Горд сум што имам прилика да работам со вакви момци. Не сакам да зборувам за тактика, туку за извонредните луѓе во клубот, во името на моите играчи“, изјави Алушовски.

Следен предизвик за новиот стратег на Вардар ќе биде гостински натпревар кај Порто, дуел кој ќе биде директна битка за петтото место во групата. Натпреварот се игра на 22 февруари.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4