Алушовски и Вардар се разделуваат, битолчанецот пред интернационален предизвик?

Последниот македонски ракометен шампион и лидер во разигрувањето на Суперлигата, Вардар 1961 од следната сезона ќе добие нов тренер. Имено, договорот на Стевче Алушовски истекува на крајот од оваа сезона, па на средината од јуни, кога ќе заврши плеј-офот, македонскиот стручњак ќе биде слободен да побара нова средина.

Преговори за нов договор нема, па Алушовски и Вардар 1961 ќе се разделат, а на клупата на скопскиот клуб ќе седне нов тренер. Иднината на Алушовски веројатно ќе биде прв интернационалец предизвик, а има и најави за заминување на битолчанецот во странски клуб. Алушовски цела своја играчка кариера ја мина во македонските клубови (Пелистер, Јафа Промет Вардар и Металург), а тренерската кариера му се развива во нагорна линија, бидејќи во минатите три сезони ги водеше Пелистер, Еурофарм Работник и Вардар 1961.

Сезонава Вардар стигна до осминафиналето на Лигата на шампионите (елиминација од Веспрем), а на домашна сцена е лидер во плеј-офот по осум одиграни кола. Алушовски ќе се обиде да ја освои двојната круна до крајот на својот договор со Вардар 1961.

Најсериозен кандидат за наследник на Стевче Алушовски на клупата на Вардар 1961 е Веселин Вујовиќ.