ФОТО: Алушовски ги подели последните совети, Еурофарм се остри за Татабања

Екипата на Еурофарм Работник утре го игра последниот натпревар во своето премиерно издание на ЕХФ Купот. 

Противник на македонскиот претставник ќе биде унгарскиот тим на Татабања, против коj ќе се сретне во „Ауди Арена“. Вечерва, тренерот Стевче Алушовски ги приложи последните совети и тимот го одбработи официјалниот тренинг пред утрешниот натпревар. 

Позитивни вибрации и одлична атмосфера владее во таборот на Еурофарм, иако тимот значително ослабен ќе му се спротистави на големиот фаворит. Од ростерот на Алушовски отсуствуваат искусниот Михаил Петровски и репрезентативецот Горан Крстевски, но позитивна вест е враќањето на средниот бек Филип Чурлевски

Дуелот меѓу Татабања и Еурофарм Работник е закажан за утре со почеток од 15:00 часот. Унгарскиот тим веќе обезбеди елиминациона фаза, па така се очекува двете екипи да одиграат меч без поголем притисок и да ги задоволат вкусовите на фановите на „Ауди Арената“. 

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2