Алушовски: Европските натпревари ќе ни бидат од голема корист во плеј-офот! 

Битолски Еурофарм Работник со пораз ги заврши своите настапи во групната фаза на ЕХФ Купот, Татабања ја потврди лидерската позиција на табелата и извојува победа со сигурни 30-27.

По мечот во Унгарија стратегот на македонскиот тим Стевче Алушовски вели дека квалитетот и подолгиот ростер го реши победникот, но се надева дека овие европски натпревари на неговите пулени ќе им бидат од голема корист во остатокот од сезоната. 

„Најпрво, да му честитам на противникот за победата. Во овој момент Татабања е поквалитетен тим од нас и му посакувам успех во четвртфиналето и пласман на „фајнал-фор“. Тргнавме добро, ја игравме нашата игра, но квалитетот и искуството на домаќинот дојде до израз и на крај заслужено забележавме нов пораз. Сега, нас ни преостануваат клучните натпревари од сезоната, односно плеј-офот, па мислам дека овие натпревари на европска сцена ќе ни бидат од корист да ги оствариме зацртаните цели“, изјави битолскиот стратег. 

Еурофарм Работник своето премиерно учество во ова натпреварување го заврши со скор од пет порази и една победа, а уште од четврток ги започнува предизвиците на домашна сцена, кога го игра првото дерби со Металург на гости. 

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2