Алушовски: Бевме добри 45 минути, но потоа ни се случи катастрофа

Европскиот ракометен првак Вардар петто коло по ред не знае за победа, затоа што загуби од лидерот во групата Кил (33-23). „Зебрите“ го пресликаа мечот од Скопје и победија со иста разлика, а тренерот Стевче Алушовски говореше за првиот официјален меч на клупата на вардарци.

По дуелот во „Шпаркасе Арена“, предводникот на македонскиот тим истакна дека финишот го одредил убедливиот триумф на „зебрите“ од Кил.

„Не можеме да сме задоволни од овој натпревар. Можам да кажам дека игравме добро 45 минути, но во последните 15-тина ни се случи катастрофа. Кил знаеше да ги казни сите наши грешки, сите наши брзи обиди за гол.

Мора да гледаме напред, да работиме и да се подобриме на следните натпревари“, изјави Алушовски.

Вардар во следното коло од Лигата на шампионите ќе биде домаќин на Мотор Запорожје и во мечот нема право на кикс.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4