Алонсо vs Милано првпат – сè е спремно за нов ракометен спектакл во Битола!

Ракометната година во Македонија завршува на најдобар можен начин, со големото дерби на „вечните“ ривали и најтрофејни клубови – Еурофарм Пелистер и Вардар 1961. Ракометна Битола е подготвена за уште еден незаборавен спектакл, кој и овој пат ќе биде дел од трката за шампионската титула.

Во пресрет на ова дерби вардарци се во поповолна ситуација, затоа што имаат два бода повеќе на табелата, благодарение на победата во Скопје на нивното прво овосезонско соочување во Суперлигата. Затоа „зелено-белите“ ќе бидат дополнително мотивирани на оваа средба и посакуваат да му се реваншираат на големиот ривал и годината да ја завршат со идентичен скор со најтрофејниот. 

И двете екипи во најдобар можен момент го дочекуваат големото дерби. Пелистерци со доведувањето на Раул Алонсо го добија она што им недостигаше претходно. Шпанскиот стратег успеа да го консолидира битолскиот тим, кој во последниот период одигра неколку фантастични партии во Лигата на шампионите и сигурно позитивниот момент сака да го продолжи и со победа над Вардар 1961. Но, дефинитивно тоа нема да му биде лесно, бидејќи и Вардар со преземањето на Милано, драстично ја подобри својата игра и по победата над Алкалоид пред нешто помалку од еден месец е спремен да зададе удар на уште еден ривал за титулата. Но, на вардарци не им оди најдобро во последните години во Битола, 

Големото дерби во Битола ќе биде зачинето и со присуството на „Комити“, кои исто како и „Чкембари“ уште еднаш ја покажуваат својата верност кон клубот. Натпреварот кој што започнува од 18:00 часот ќе има и хуман карактер, откако домаќинот ги повика сите фанови да со себе да понесат плишани мечиња кои ќе бидат намените за децата од ранливите категории.