Алонсо: Ја вложивме енергијата во погрешна точка, честитки до Вардар

Големо е разочарувањето кај Еурофарм Пелистер по загубеното Куп-финале со големиот ривал Вардар 1961. Тренерот Раул Алонсо направи анализа на мечот и кажа дека „зелените“ ја вложиле енергијата на стартот на погрешно место, па мечот заминал во поинаков тек за нив и никогаш не се фатило приклучок.

„Најпрво, морам да му честитам на Вардар за заслужената победа во финалето. Сигурно е дека сме разочарани, сакавме да покажеме поинакво лице. Не можам да кажам дека моите играчи не се бореа, но мислам дека ја вложивме енергијата во погрешна точка. Влеговме во мечот лошо, потоа бркавме резултат. Бевме тука некаде, но никогаш не се вративме. Вардар има искусни играчи, знаеше како да го контролира дуелот. Потоа загубивме и играчи заради повреди. Знам дека не е лесно, но мора да го прифатиме овој пораз и да се фокусираме на лигата. Имаме уште два тешки меча и ќе видиме што ќе биде по овој меч и повредите кои ни се случија“, изјави Алонсо.

Вардар и Еурофарм Пелисер ќе се судрат уште еднаш до крајот на сезоната, тоа ќе биде во последното коло, за домашната титула.