• Зоран Мишевски
Првакот на Македонија и лидер во шампионатот кој стигна до плеј-офот, екипата на ЖРК Куманово продолжува да ред победи во разигрувањето. Кумановчанки го совладаа ЖРК Чаир со 29-24 во рамките на деветтото коло и направија уште еден гол чекор кон одбраната на титулата.
Алмеида Коста Андреза со десет погодоци беше најефикасна ракометарка на теренот. Кај ЖРК Чаир се истакна Теодора Гулицоска со осум постигнати голови.
ЖРК Куманово останува на водечката позиција со 27 бода, три повеќе од Ѓорче Петров и пет од ЖРК Вардар. Во интерал од шест бода се четири екипи и претстои голема борба во битката за титулата, со оглед на тоа што преостануваат уште пет кола.
Трофејот од минатата сезона го брани ЖРК Куманово, клуб кој минатата недела загуби во младинското финале од ЖРК Металург.