• Мартин Танасковски
Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид замина за Данска каде му следи нов гостински меч во Европската лига на ЕХФ.
Избраниците на Кирил Лазаров по домашниот меч со Бјерингбро-Силкеборг, патуваат на мегдан со данскиот ривал на гостински терен. Токму надвор од својот дом Алкалоид го освои првиот европски бод, во претходниот дуел со шпанска Ла Риоха.
Натпреварот меѓу Бјерингбро-Силкеборг и Алкалоид се игра во вторник со почеток од 20:45 часот