• Горан Упале

Новиот суперлигаш, скопски Алкалоид, главната фаза од зимските подготовки ги одработува во Србија, каде со нови три контролни средби ќе ја темпира формата за плеј-офот и битките за трофеите во домашните натпреварувања.
Амбициозниот суперлигаш, предводен од Кирил Лазаров, во спортскиот комплекс на Фудбалскиот сојуз на Србија во Стара Пазова договори уште три пријателски натпревари.
По победата со Динамо Панчево на првиот тест, Алкалоид ќе одигра натпревари и со РК Лавови в петок од 19:30 часот, потоа со Црвенка в сабота од 18:00 часот. и со екипата на РК Уб в недела од 18:00 часот.
На првиот тест, Алкалоид одигра сигурно против Динамо Панчево и на крај извојува победа од 25-22.