• Саше Љолес

Екипата на Алкалоид оствари уште една победа над Ловќен во Регионалната ракометна лига, славејќи со конечен резултат 29-40.
Избраниците на Кирил Лазаров одиграа нов одличен меч против црногорскиот претставник, кому во само неколку денови му дадoa вкупно 94 гола. Денес, Ловќен се бореше малку повеќе и на паузата имаше 18-18, но во вториот дел Алкалоид комплетно ја презеде играта под контрола и заслужено дојде до втор триумф во натпреварувањето.
Разликата стана двоцифрена на пет минути до крајот на мечот, кога веќе беа решени сите дилеми околу победникот. Најдобар поединец во редовите на Алкалоид беше Иван Џонов со осум погодоци, а Марко Митев додаде уште шест. На спротивната страна, Мрваљевиќ имаше еден вкупно седум гола зад своето име.
Според распоредот, Алкалоид треба да се соочи во следното коло со екипата на Дубочица. Ловќен го очекува дуел со белградски Партизан.
