ФОТО: Алкалоид тргна во подготовки за мисијата Суперлига

РК Алкалоид е новата приказна во македонскиот ракомет. Новиот суперлигаш ги запали моторите и стартува со подготовките за новата сезона, прва во највисок ранг.

Фармацевтската компанија која паралелно ќе има и тим во Првата лига, тоа е РК Мулти Есенс, почна со изградба на ракометен колектив кој ќе се потпира на млади имиња, перспективни идни македонски репрезентативци. Некои од нив се и актуелни, а се дел од составот на РК Алкалоид. Досега ангажирани беа неколку домашни засилувања, тоа се голманот Трајковски, бековите Митев и Младеновиќ, како и кружниот напаѓач Маркоски. Според досегашните најави, овој колектив ќе се движи чекор по чекор и полека ќе расте. Инвестициите нема да бидат екстремни и одеднаш, иако постојат можности за такво нешто. 

РК Алкалоид во новата сезона ќе игра во суперлигашката група со Струга, Вардар Неготино, Бутел Скопје, Прилеп, Охрид, Вардар 1961 и Куманово и во првото силите ќе ги одмери со Прилеп на гостински терен. Премиерата на овој клуб како суперлигаш се очекува да биде на јубилејниот 50. Струшки турнир каде ќе се одиграат супер-квалитетни натпревари со Вардар, Целје и Бутел.