• Мартин Танасковски

Екипата на Алкалоид дојде до триумф на гостувањето кај Бутел Скопје (37-21) во рамки на новото коло од плеј-офот во Суперлигата на Македонија и ја продолжува борбата за една од позициите кои водат во евро-куповите во следната сезона.
- Комплетниот натпревар меѓу Бутел Скопје и Алкалоид:
Тимот на Кирил Лазаров ја оствари целта благодарение на доброто второ полувреме и отворањето според планот. Во првиот дел Бутел Скопје се покажа како тврд орев и ривал кој парираше, затоа што на паузата фаворитот на хартија имаше предност од само еден гол (16-15).
Но, тринаесетте гола во низа во вториот дел го сменија текот на мечот. Тие паднаа во нешто околу 18 минути, Бутел не даде ниеден гол. По двапати за Алкалоид погодија Марко Митев, Иван Џонов, Мартин Ивановски, Филип Николов, Никола Костески и Урош Борзаш, додека еднаш стрелаше Дамјан Митев. Резултатот така гласеше 29-15 и потоа беше полесно да се игра. Серијата без гол на Бутел која траеше скоро 20 минути, ја прекина Каевски, но домаќинот не можеше да направи ништо заради дупката во која влезе во црните минути во кои и голманот Иван Галевски имаше свои моменти.
Иван Џонов беше најдобар кај стрелците кај Алкалоид со осум гола, Ненад Костески имаше седум, а Дамјан Митев шест гола. Голманот Иван Галевски запиша 15 интервенции. Кај Бутел, Димитар Узунчев даде вкупно седум гола.

