Алкалоид со сите расположливи сили во напад на Рунар

Македонскиот тим Алкалоид го игра првиот полуфинален натпревар во Европскиот Куп на ЕХФ против Рунар Сандефјорд во Скопје, а тренерот Кирил Лазаров го одреди стартниот состав.

Со оглед на тоа што здравствениот билтен не е идеален и тимот има четворица повредени, Алкалоид ќе игра со истиот состав како против ГРК Охрид во лигата.

  • Составите на Алкалоид и Рунар:

Натпреварот започнува од 19:00 часот во салата „Автокоманда“. Реваншот е следната недела во Норвешка. Победникот од овој двомеч ќе игра со АЕК Атина или Извиѓач.