• Саше Љолес

Ракометарите на Алкалоид ја заклучија успешната сезона во македонската Суперлига, во која стигнаа до историски пласман - второто место на табелата, веднаш зад шампионот Еурофарм Пелистер.
Момците на Кирил Лазаров прикажаа одлични партии во завршницата од првенството и сосема заслужено се вицешампиони, а денес сите заедно решија да го крунисаат успехот со ревијален натпревар одигран помеѓу играчите и стручниот штаб.
Двата тима одиграа мирољубив натпревар во кој немаше победник по истекот на регуларниот дел, а на крајот решаваа седмерците.
Пораката завршува со мотивациона порака - „Заедно кон нови победи!“.