• Мартин Танасковски

Пред натпреварот меѓу екипите на Алкалоид и Бутел Скопје, голманот на гостите, Благојче Трајковски, имаше средба со поранешниот тим.
Чуварот на мрежата долги години беше дел од Алкалоид, но од оваа сезона брани за Бутел. Затоа што беше дел од тимот кој го освои Европскиот Куп на ЕХФ, од Алкалоид направија голем гест во знак на почит.
Пред стартот на суперлигашкиот дуел, Благојче Трајковски доби европски медал од раководството на Алкалоид. Одличјето му го врачи Милош Милошевски.










