• Мартин Танасковски

Екипата на Алкалоид забележа голема победа над Бутел Скопје (25-24) во салата „Автокоманда“ во рамките на Купот на Македонија и обезбеди место во финалето во кое ќе игра за Ф4-турнирот во најмасовното македонско клупско натпреварување.
- Комплетниот натпревар меѓу Бутел Скопје и Алкалоид:
Дуелот беше супер-драматичен, а се реши во последната секунда. Двата тима беа во егал константно, на полувремето беше 13-13, а потоа откако Алкалоид замина на 16-18, имаше позитива се до 20-22, кога Бутел врза два погодока во низа и израмни (22-22).
Оттогаш се играше изедначено до крајот. Бутел Скопје пропушти шанса да зачекори кон победата откако на десет секунди пред крајот Манасков промаши напад, а во последните моменти од натпреварот, по тајм-аут, Алкалоид режира цепелин кој во гол го претвори Мартин Серафимов за голема победа.
- Голот за победа на Алкалоид:
Токму Мартин Серафимов беше најдобар кај победникот со единаесет гола, пред Стојковиќ, Џонов и Савревски со по три гола. Кај Бутел, Јефтиќ и Мајиќ погодија по пет пати. Алкалоид во финалето од групата на Купот ќе игра со Вардар Неготино.