• Мартин Танасковски

Екипата на Алкалоид забележа сигурна победа во првиот меч од годината и на домашен терен во „Автокоманда“ славеше над тимот на Пролет со резултат 35-28.
- Комплетниот натпревар меѓу Алкалоид и Пролет 62:
Главната разлика екипата на Лазаров ја направи во второто полувреме. На дебито на клупата на суперлигашот, Мајнов имаше одличен прв дел, негативата за Пролет беше само три гола (17-14), но потоа работите дојдоа на свое место за фаворитот.
Во првиот дел меѓу стативите на Алкалоид блескаше голманот Иван Галевски, затоа што забележа десет одбрани. Мал хендикеп во ротацијата беше исклучувањето на Мартин Велковски кој доби црвен картон. Сепак подолгиот ростер одлучи, Алкалоид се одлепи двоцифрено на 31-21, што беше доволно за победа.
Мал пад во играта на Алкалоид, донесе серија од четири гола за Пролет во финишот, со кој гостинот го намали поразот во „Автокоманда“. Одличен меч имаше Дамјан Митев со десет гола, пред Филип Николов со шест гола, а голманот Иван Галевски забележа 13 одбрани. Кај Пролет, Томи Димковски даде осум гола.





