• Горан Упале
Екипата на Алкалоид по успешно завршената задача во двомечот со Вест Виен и двете сигурни победи, го дозна ривалот за следната фаза во ЕХФ Купот.
На денешната ждрепка одржана во седиштето на ЕХФ, беа извлечени паровите од осминафиналето, а освојувачот на Купот на Македонија за противник го доби тимот на Бриксен од Италија.
Во претходното коло италијанскиот тим беше сигурен против Ловосице од Чешка и со исто како Алкалоид осминафинале обезбеди со две убедливи победи. Бриксен во домашниот шампионат оваа сезона игра променливо, по тринаесет одиграни кола е на осмата позиција со скор од пет победи, два реми исходи и шест порази.
- Осминафинални парови:
Осумте двомечи се предвидени да се играат за време на викендите на 15/16 и 22/23 февруари 2025 година.