• Мартин Танасковски

Екипата на РК Алкалоид иако е сигурен лидер, продолжи по старо во Првата лига. Фаворитот во групата славеше на гостински терен кај Јехона (21-46) во Гостивар.
Фаворитот предводен од Љубомир Савевски уште по првото полувреме си ја заврши работата, кога се одлепи двоцифрено во однос на ривалот (11-22). Впрочем, скоро сите натпревари досега во Првата лига на РК Алкалоид одеа со ваков тек, затоа што се нема конкуренција.
Теодор Тодески и Михајло Костовски дадоа по осум гола кај победникот, пред Игор Ѓорѓиев и Дарио Кофиловски со по шест гола, а кај Јехона, Стефан Бошковски стрелаше шест пати, пред Александар Налетовски со пет гола.
РК Алкалоид е лидер во Првата лига и во следната сезона ќе дебитира во суперлигашкото друштво.