• Мартин Танасковски
Екипата на Алкалоид дојде до трофеј во Суперкупот на Македонија со победа над Еурофарм Пелистер (33-30), а еден од головите на натпреварот го дадоа „сините“ од Автокоманда.
Куп-освојувачот му продаде атрактивен цепелин на првакот. Го режираа Марко Митев кој беше „мозок“ на тимот на овој натпревар, како и најдобриот стрелец Никола Костески. Митев го проигра крилото, а тој реализира.
Голот беше поздравен со овации од страна на публиката во „сина“ боја, затоа што Митев и Костески најдоа начин невозможната позиција која беше пред пасив да ја претворат во гол.