• Саше Љолес
Македонскиот ракометен суперлигаш, Алкалоид, ги дозна можните противници за квалификациското коло во Европската лига на ЕХФ.
Дванаесет екипи ќе минат во групната фаза на второто најсилно европско натпреварување, а можност за такво нешто ќе имаат и момците на Кирил Лазаров, кои минатата сезона триумфираа во ЕХФ Еврокупот. Младиот македонски тим веројатно нема да биде носител и може да дибие и моќен ривал уште во квалификациите.
Учесници во квалификациите на Европската лига:
Носители:
Хановер
Торелавега
Маритимо
Морс-Ти
Берн
Сесвете
Страјрман
Чробри Глогов
Горење Велење
Брага
Неносители:
Кринс
Карлскрона
Дуго Село
Сант Рафаел
Бидасоа Ирун
Скандерборг
Чаковец
Савехоф
Баја Маре
Алкалоид
Елверум
Партизан
Карвина
Меѓу можните противници се најдоа и неколку исклучително силни ривали, а дел од нив се Малме, Горење Велење, Хановер и други.
Ждрепката за квалификациското коло ва Европската лига на ЕХФ ќе се одржи на петнаесетти јули.





