Алкалоид покажа сигурност и во малото градско дерби со Бутел

Екипата на Алкалоид продолжи победнички во Суперлигата. Тимот на домашен терен славеше над Бутел Скопје со резултат 32-25 (18-13) и продолжи да биде непоразен во најдобриот шампионат на Македонија.

  • Комплетниот натпревар меѓу Алкалоид и Бутел Скопје:

Тимот на Кирил Лазаров водеше од почетокот до крајот на средбата, а триумфот можеше да биде поубедлив, но опуштањето во вториот дел ја направи разликата помала на контото на сините од Автокоманда.

Уште од почетокот беше јасно дека Алкалоид ќе слави на овој дуел, затоа што се одлепи на 5-0 и го задржа Бутел Скопје шест минути без погодок. Потоа беше и 10-4, па 16-9, за на паузата во Автокоманда резултатот да гласи 18-13 за домашниот тим. Во вториот дел, Алкалоид имаше 25-15, прво двоцифрено водство, а до финишот Бутел само го намали тоа благодарение на Благојче Трајковски кој имаше двоцифрен учинок и го спаси тимот од катастрофа.

Најдобар стрелец кај победникот беше Марко Стојковиќ со шест гола, а Ненад Костески погоди пет пати, додека кај голманите Иван Галевски имаше 11, а Марко Кизиќ пет интервенции. Кај Бутел Скопје, Тодор Узунчев даде седум гола, а Дејан Михајловиќ имаше пет. Благојче Трајковски забележа 18 одбрани.