ФОТО: Алкалоид подготвен за македонско-грчката битка во Атина

Македонскиот суперлигаш Алкалоид го одработи својот тренинг во домот на АЕК Атина во пресрет на утрешното историско финале за екипата од Автокоманда.

Македонскиот и грчкиот претставник ќе ги вкрстат копјата во првиот дуел од финалниот двомеч на ЕХФ Европскиот Куп во „Сунел Арена“ во Атина, утре со почеток од 18:00 часот. Тренерот Кирил Лазаров ги подели последните подготовки пред мечот, а ги имаше сите играчи на располагање.

Натпреварот ќе биде директно пренесуван на МРТВ