• Саше Љолес

Македонскиот суперлигаш Алкалоид замина во Маврово, каде ја започнува втората фаза од летните подготовки за новата сезона.
Откако заврши првиот период во Скопје, екипата ќе продолжи да работи на физичката и тактичката подготвеност пред серијата пријателски натпревари, кои ќе бидат последната проверка пред стартот на новата сезона на домашната и меѓународната сцена.
Избраниците на тренерот Кирил Лазаров повторно ќе имаат големи амбиции во домашното првенство, со надеж за борба за шампионската титула, каде ќе имаат исклучително силни ривали во имињата на Вардар 1961, Еурофарм Пелистер и ГРК Охрид.







