• Зоран Мишевски

Македонскиот суперлигаш Алкалоид го совлада тимот на Динамо Панчево на својот прв натпревар во 2023 година. Младиот скопски клуб славеше победа од 22-25 на контролниот натпревар кој го одигра во рамките на подготовките што се релизираат во Стара Пазова/
Алкалоид имаше целосна контрола во најголемиот дел од средбата, на моменти и со пет гола разлика. Тренерот Лазаров им даде шанса на сите ракометари и нивото на игра не падна и донесе победа.
Едно од изненадувањата на есенскиот дел на шампионатот на Македонија ќе одигра уште неколку контролни натпревари на подготовките во Србија.
Во плеј-офот Алкалоид пренесе два бода и е трета најуспешна екипа сезоната, заедно со Пролет, а зад Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер.