Алкалоид одбра силни спаринг-партнери: Египет, Нексе, Прилеп...

Ракометниот клуб Алкалоид официјално се пресели во Маврово, каде што ја започнува втората фаза од летните подготовки за претстојната сезона 2026/27. По завршувањето на воведните тренинзи кои се одработија во Скопје, тимот предводен од шефот на стручниот штаб Кирил Лазаров пристигна во планинскиот центар во полн состав.

Планот за подготовките е комплетен, а договорени се контролни натпревари…

„Во текот на планирањето на подготовките неколкупати го менувавме планот затоа што не знаевме детали околу Регионалната лига, како ќе се игра. По дефинитивната одлука дека ќе учествуваме и откако го дознавме распоредот, одлучивме да останеме во Македонија и да одиграме неколку пријателски натпревари, иако веќе беше доцна. Доцна ни беше и да прифатиме да играме во Охрид и Струга, па ќе одиграме два пријателски натпревари со репрезентацијата на Египет, Нексе Нашице ќе биде наш гостин. А почнуваме овде на Маврово, со Прилеп. Првиот натпревар во Регионалната лига ни е со Партизан на 26 август, а дотогаш можеби ќе договориме уште еден натпревар“, изјави тренерот на Алкалоид.

Во првото коло од новиот шампионат на Македонија, Алкалоид ќе се сретне со Мулти Есенс.