Алкалоид нема да дозволи изненадување и го заверува осминафиналето во ЕХФ Купот

Ракометарите на Алкалоид попладнево одново ќе ги вкрстат копјата со австриски Вест Виен, во реванш-средбата од третото коло во Купот на ЕХФ. И овој натпревар ќе се игра во „Автокоманда“, а со оглед на исходот од нивното прво соочување јасно е дека нашиот тим ќе обезбеди пласман понатаму. 

Момците на Кирил Лазаров демонстрираа моќ во синоќешното соочување, извојуваа триумф од дури единаесет гола разлика (38-27) и само чудо може да ги остави без пласман во осминафиналето. Вечерва фановите на „сините“ одново ќе можат да уживаат во настапите на Галевски, Митев, Серафимов, Петковски и останатите млади ракометари, кои сигурно и на овој дуел нема да го потценат противникот и ќе дадат сè од себе за да извојуваат уште една убедлива победа. 

На синоќешниот натпревар Александар Петковски со девет гола беше најдобар стрелец за Алкалоид, а осум постигна Мартин Серафимов, исто колку што имаше и Клеменс Мелешниг кај гостите. Меѓу голманите Иван Галевски го заврши натпреварот со девет интервенции, а Благојче Трајковски собра шест одбрани.

Доколку македонскиот тим позитивно го успешно и овој тест во вторник ќе до дознае противникот за осминафиналната фаза.