Алкалоид не е носител во ждрепката, закана се ривали од Норвешка, Романија, Грција...

Минатиот викенд Алкалоид ја оствари целта и со две победи над Вест Виена од Австрија патува во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп. Сега младиот клуб од Автокоманда ја очекува ждрепката и противникот за осминафиналето напролет.

Скопјани не се меѓу носителите и на хартија ќе добијат номинално посилен противник. Меѓу непосакуваните се романски Минаур Баја Маре, белградски Партизан, грчки Олимпијакос...

Носители:
Извиѓач (БИХ) 
Минаур Баја Маре (Романија) 
Диоминас Аргус (Грција) 
Крка (Словенија) 
Хаукас (Исланд) 
Олимпијакос (Грција) 
Бриксен Ракомет (Италија) 
Рунар Сандефорд (Норвешка) 

Неносители: 
Алкалоид (Македонија)
Анортозис Фамагуста (Кипар) 
БК-46 (Финска) 
АЕК Атина (Грција) 
Бешикташ (Турција) 
Партизан (Србија)
Ерусалем Ормоз (Израел) 
Драмен ХК (Норвешка)

Ждрепката ќе се одржи утре во 11:00 часот во Виена.