• Зоран Мишевски

На една недела до европските натпревари, македонскиот победник на Купот и лидер во Суперлигата, Алкалоид од Скопје, ја запиша и седмата победа во исто толку натпревари во домашниот шампионат.
Екипата на Кирил Лазаров не се намачи на гостувањето во салата „Гемиџии“ во Велес, во која Лазаров дебитираше во натпревар од нашата најсилна професионална категорија. Алкалоид го победи Бисинов со 22-40 (9-18) и пред клучната фаза од есента влегува со максимален број на победи.
- Комплетниот натпревар меѓу Бисинов Фриут Ленд и Алкалоид:
Од стартот гостите се наметнаа, поведоа со 2-6, потоа со 6-11 и предноста само се зголемуваше. Митев и Оливеира диктираа и погодуваа, па на одмор се замина со високи 9-18. Инерцијата продолжи и во вториот дел и покрај ротацијата, па Бисинов не ја спушти дистанцата под 7-8 гола, На крајот Алкалоид славеше со 22-40.
Најефикасни во скопскиот табор беа Марко Митев со седум, Aлександар Петковски со шест и Мартин Серафимов со пет погодоци, а кај велешани се истакна Ивица Илиев со седум гола. Алкалоид може да биде самостоен лидер по седмото коло, бидејќи втората непоразена екипа во Суперлигата, Охрид на Стевче Алушевски, в недела гостува кај шампионот Еурофарм Пелистер.
Следниот викенд екипата на Кирил Лазаров ќе го одигра првиот натпревар од второто коло на Европскиот Куп, против литванскиот тим Драгунас Клаипеда.






