Алкалоид кај Тиквеш им се врати на суперлигашките победи

Екипата на Алкалоид по три порази во серија освои бодови во Суперлигата, со победа над ГРК Тиквеш (30-23) на гостувањето во Кавадарци во рамки на осмото коло од плеј-офот.

  • Комплетниот натпревар меѓу ГРК Тиквеш и Алкалоид:

Екипата на Кирил Лазаров се мачеше да го пробие домашниот тим во првото полувреме, на пауза замина со еден гол позитива (12-11) заради добрата игра на Тордарсон кој беше одличен со пет гола, но во вториот дел, работите си дојдоа на место за „сините“ од Автокоманда.

Во воведните пет минути од второто полувреме Тиквеш парираше, но од 16-17, Алкалоид успеа да замине на 16-20, а потоа беше и 19-25. Тука натпреварот веќе беше готов.

Најдобар стрелец кај победникот беше Урош Борзаш со седум гола, а Улфар Тордарсон постигна шест гола. Забележителен настап имаше и младиот голман Ѓорѓи Николовски со девет гола. Кај Тиквеш, Томче Стојановски и Богдан Мијушковиќ дадоа по шетс гола.