• Иван Димовски

Ракометарите на Алкалоид иако играа со комбиниран состав убедливо го победија Мулти Есенс со 37-12 и се пласираа во финалето на четвртфиналната група во Купот на Македонија.
- Комплетниот натпревар меѓу Алкалоид и Мулти Есенс:
Избраниците на Кирил Лазаров покажаа сила, без потешкотии го надиграа помладиот противник кој се натпреварува во втората лига и си ја завршија задачата. Стартот во целост му припадна на поискусниот ривал кој поведе убедливо со 6-0. Се обиде Мулти Есенс да парира и до полувреме даде седум гола во мрежата на ривалот, за на одмор да се замине со 18-7.
Сепак, во вториот дел пошироката клупа, искуството, па и возраста пресудија. Алкалоид во целост се наметна, го надигра ривалот и предноста само растеше и растеше. Крајниот резултат беше многу убедлив, Мулти Есенс даде само пет гола во вториот дел и забележа висок триумф од Алкалоид.
Најефикасен играч на натпреварот беше Давид Савревски со десет погодоци, додека од Алкалоид по пет дадоа Максим Габрески, Виктор Панчевски и Андреј Секуловски. Во таборот на Мулти Есенс пет пати реализира Јован Петрески.
Алкалоид го чека подобриот од пресметката на Пролет 62 и Партизан Спорт во борбата за место на завршниот турнир.