• Горан Упале
Кругот на учесници во новата сезона во ЕХФ Купот е затворен, а таму се најде и нашиот суперлигаш Тиквеш. Тоа значи дека Македонија во ова натпреварување ќе има дури три претставници.
Освојувачот на Купот на Македонија, Алкалоид, ќе тргне од втората рунда и ќе биде носител во ждрепката, додека Охрид исто така ќе го скокне првото коло, но ќе биде во вториот шешир на неносители. Тиквеш, пак, кој доби „вајлд-карта“ ќе мора да игра од првото коло.
Ждрепката за ЕХФ Купот е закажана за 16 јули од 11:00 часот, а тогаш сите три македонски екипи ќе ги дознаат своите противници.
Покрај горенаведените екипи од Македонија на меѓународна сцена ќе играат уште Еурофарм Пелистер во групната фаза на Лигата на шампионите и Вардар во групите на Европската лига.