Алкалоид и Голден Арт го држат победничкиот чекор во Првата лига

Две екипи се непоразени во Првата лига, тоа се Алкалоид и Голден Арт, кои дојдоа до полн плен и во шестите натпревари оваа сезона во македонскиот ракомет.

Алкалоид беше сигурен на гостински терен кај Текстилец (19-36). Дарио Кофилоски со седум гола беше најдобар кај победникот, пред Александар Стојков со пет, додека кај штипјани Филип Хаџи Николов имаше шест гола, додека Стојанче Ристов даде пет.

  • Комплетниот натпревар меѓу Текстилец и Алкалоид:

Голден Арт успеа да слави на гости кај Кичево (27-42). Искусниот Ивица Илиев постигна 13 гола на овој натпревар, го следеше Давид Даев со седум, а кај домаќините Александар Мирчевски имаше шест реализации.

  • Комплетниот натпревар меѓу Кичево и Голден Арт:

Претходно, Шампион на домашен терен загуби од Јехона (25-32).