Алкалоид го збриша Куманово, една победа го дели од перфектна полусезона

Лидерот Алкалоид Ракомет ја запиша десеттата победа во десеттиот натпревар од Суперлигата и само еден натпревар (гостување кај Охрид) ги дели од перфектен прв дел на сезоната. Попладнево во Автокоманда комбинираниот тим на Лазаров беше пресилен за Куманово и го совлада со 40-25.

  • Комплетниот натпревар меѓу Алкалоид и Куманово: 

Скопскиот тим почна моќно и Петковски и Савревски немилосрдно ја полнеа мрежата на кумановчани. По 4-1 и 8-2 извесен беше тајм-аутот на гостите. Сепак, момците на Лазаров продолжија во исто темпо и на половина полувреме веќе имаа 14-6. Со исто темпо на крајот од првото полувреме резултатот гласеше 23-11.

Во вториот дел следеше целосна ротација на двата тренери, Франциско Оливеира и Кристијан Симоноски до врв ја наполнија мрежата на кумановчани и конечниот резултат гласеше 40-25. 

Најефикасни кај Алкалоид беа Петковски со девет и Франциско Оливеира со осум гола, додека во тимот на Куманово се истакнаа Дарио Симоновски со осум и Бразилецот Мораиш со шест погодоци.