Алкалоид го напушти Маврово, следуваат контролните средби и турнирот во Охрид!

Екипата на Алкалоид ги заврши подготовките во Маврово и се враќа во својот дом во Автокоманда. Младиот состав, предводен од тренерот Кирил Лазаров, сега ќе се насочи кон воигрување на екипата во пресрет на новите предизвици во сезоната.

По враќањето во Автокоманда ќе започнат и подготвителните натпревари на екипата, а ќе бидат пет до шест контролни дуели. Алкалоид, кој е актуелен Куп-освојувач, ќе настапи и на пријателски турнир во Охрид од 20 до 24 август.

Алкалоид пред себе ќе ја има првата сезона во која на четири фронта ќе игра за трофеј. Тимот покрај во Суперлигата и Купот на Македонија за првпат ќе игра и во Суперкупот, како и во меѓународниот ЕХФ Куп.