• Мартин Танасковски

Ракометарите на Алкалоид со победа го отворија подготвителниот период, откако во Маврово славеа против Прилеп со убедливи 44-28 на првиот контролен натпревар пред новата сезона.
Дуелот беше одигран во специфичен формат, по договор на двата стручни штаба, наместо во две полувремиња се играше во три третини од по 25 минути, со цел тренерите да добијат подобар увид во формата и подготвеноста на своите играчи.
Алкалоид уште од самиот почеток го наметна своето темпо и ја контролираше играта, па на крајот заслужено стигна до убедлива победа. Тимот од Автокоманда во моментов ги одработува подготовките во Маврово, додека Прилеп, исто како и минатата година, беше првиот спаринг-партнер на избраниците на Кирил Лазаров.
Овој натпревар претставуваше добра можност за двата тима да ги тестираат своите состави и да започнат со воигрување пред предизвиците што ги носи новата сезона.






