• Горан Упале
Екипата на Алкалоид единствена од нашите ракометни претставници го помина првиот филтер во ЕХФ Купот.
Со одличните изданија во Скопје и Литванија и двете победи над Драгунас Клаипеда, освојувачот на Купот на Македонија продолжува во фазата на 32 најдобри екипи во ова натпреварување, а таму за влез во осминафиналето ќе се бори со тимот на Вест Виена од Австрија.
По ждрепката одржана пред шест дена јасно е дека нашиот претставник е голем фаворит во овој двомеч, па затоа екипите ќе договорија организацијата на двата натпревари од третото коло да ја преземе македонскиот клуб. ЕХФ го дозволи тоа и веќе се познати термините на одигрувањето на двата натпревари.
На првиот натпревар домаќин ќе биде Алкалоид, а истиот ќе се одигра на 29 ноември. Ден подоцна, на 30. ноември ќе се одигра и реваншот на кој австрискиот тим формално ќе биде домаќин. Двата натпревари се играат од 19:00 часот во салата „Автокоманда“.