• Мартин Танасковски

Македонскиот ракометен суперлигаш Алкалоид успешно ги продолжува подготовките за новата сезона, откако забележа две победи на контролните натпревари против медитеранската репрезентацијата на Египет.
Двата пријателски дуели се одиграа во салата во Автокоманда и беа од затворен карактер. На првиот натпревар избраниците на Кирил Лазаров славеа со 33-31, додека на вториот меч повторно беа подобри од египетската селекција, овојпат со резултат 31-29.
Овие средби беа важен дел од подготовките на Алкалоид во пресрет на новата натпреварувачка сезона, во која клубот повторно ќе има високи амбиции на домашната и меѓународната сцена.
Претходно, Алкалоид беше подобар и од Прилеп на тест одигран на подготовките во Маврово.









