Алкалоид доминантно до пионерската титула, Бобан Поповски е најкорисен играч

Втор пехар од младинските шампионати доаѓа во витрините на Алкалоид. Младиот скопски клуб е новиот шампион на Македонија во пионерска конкуренција.

Денес во Охрид на „фајнал-фор“ турнирот, најмладиот тим на Алкалоид го совлада Аеродром во полуфиналето со 26-11, а потоа во финалето беше подобар и од екипата на ГРК Охрид и со победа од 22-19 го освои првото место и титулата државен првак.

По завршувањето на Ф4-турнирот, во идеалниот тим се најдоа Ѓорѓи Николовски (голман), Давид Костовски (десен бек) и Бобан Поповски (десно крило).

За МВП на турнирот е прогласен Бобан Поповски.

ФОТО: ГРК Охрид / Анамарија Момироска