• Мартин Танасковски

Физичката подготовка е еден од најважните сегменти во еден спортски колектив, а Алкалоид доби нов човек кој ќе биде задолжен за кондициската спремност на тимот.
По заминувањето на Петар Баснарков, нов член на клубот во стручниот штаб е Огњен Јовановиќ. Србинот е млад тренер, но со искуство во последните години на високо ниво. Работеше во репрезентацијата на Романија последен пат. Исто така, Јовановиќ беше дел и од ЦСМ Костанца и српскиот клуб Металопластика.
Огњен Јовановиќ веќе добро ја познава екипата, затоа што веќе одредено време е во Скопје и работи со тимот.










