• Саше Љолес
Ракометарите на Алкалоид без никакви проблеми извојуваа победа во шестото коло од македонската Суперлига, откако беа поуспешни од екипата на Струга со конечен резултат 35-20. Со овие бодови победникот на Купот останува максимален, како и Охрид по првиот еден месец од сезоната. Посебна блескаше Никола Костески, кој го „наполни“ голот на својот матичен клуб.
- Комплетниот натпревар помеѓу Алкалоид и Струга:
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров уште во првото полувреме имаа двоцифрена предност, по што беше јасно дека вториот дел ќе претставува само чиста рутина за амбициозниот скопски тим.
На паузата Алкалоид водеше со 17-7, а потоа ја одржуваше истата предност во најголем дел од мечот и сосема заслужено освои нови бодови со кои го задржува максималниот ефект. Тимот на Наум Танески успеа во еден наврат само да постигне четири голови во серија, но недоволно за било какво изненадување до крајот на мечот.
Најефикасен играч во победничката екипа беше Никола Костески со дури тринаесет голови, додека на спротивната страна Богдан Мијушковиќ постигна шест погодоци. Ракометарите од Автокоманда имаат шест чисти победи, а во следното коло ќе се соочат со екипата на Бисинов во Велес.