• Иван Димовски
Ракометарите на Алкалоид ја забележаа дванаесеттата победа во Суперлигата, совладувајќи го Радовиш со убедливи 21-46 (9-25). Иако домаќин беше Радовиш, средбата се одигра во салата „Автокоманда“, а номиналниот гостин дојде до огромен триумф.
- Комплетниот натпревар меѓу Радовиш и Алкалоид:
Уште од стартот момците на Лазаров се наметнаа и играа сигурно, па бргу стигнаа до водство од 3-9. Се одржуваше Радовиш во некоја пристојна негатива сè до 9-15, а тогаш до крајот на полувремето Алкалоид направи серија од 0-10 и стигна до огромни 9-25 на паузата.
Веќе во вториот дел прашањето за победникот беше решено, Лазаров даде шанса на младите ракометари, ама и тоа не беше проблем бидејќи водството продолжи да расте. Беше надмината и границата од 20 гола разлика, а максималното водство беше „плус 27“.
Најефикасен играч на мечот беше Александар Петковски со осум гола, седум даде Максим Гарбески, а кај Радовиш по три дадоа Атанасов, Костадинов, Ончев и Трајанов.