• Горан Упале

Иако проблемите со коронавирусот сè уште се активни во ракометните свет, вчерашниот ден ни приреди неколку одлични ракометни натпревари во Европската лига и едно големо изненадување.
Шведскиот тим на Алингсас иако беше аутсајдер, приреди голема сензација, совладувајќи го гигантот од Германија, Магдебург со минимални 30-29. Мечот во Шведска беше возбудлив и неизвесен од самиот почеток, двете екипи имаа свои моменти и го имаа водството крај себе, а во финишот кога детали решаваа, поуспешни беа домаќините. Најпрво домашниот голман запиша одлична интервенција, а потоа десното крило Линдберг во последната секунда од мртов агол го матира германскиот голман и донесе голема радост за својот тим.
- Голот за победа на Алингсас против Магдебург:
Оваа победа е втора за Алингсас во групата Ц, по почетниот пораз од Нексе Нашице, додека бундеслигашот го запиша првиот неуспех оваа сезона на европско тло.
- Извештај од натпреварот: