• Иван Димовски
Висла Плок убедливо го совлада Еурофарм Пелистер (36-25) во натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите. На овој натпревар домаќинот беше подобар, а во вториот дел даде доста лесни голови за на крајот толку убедливо да победи. Искусниот голман Мирко Алиловиќ призна дека разликата е превисока.
„Ова беше одличен натпревар. Среќен сум што се вративме на победничките патеки. Почит за Пелистер бидејќи конечниот резултат не го рефлектираше текот на натпреварот. Во вториот дел игравме одлична одбрана, а тоа ни дозволи да дадеме многу голови од контра напади. Овој резултат дефинитивно е одличен за нашата самодоверба и докажува дека одиме во вистински правец“, изјави Алиловиќ.
Пелистерци во следната рунда ќе ја дочекаат големата Барселона во Битола.





