• Иван Димовски
Поранешниот вардарец, Алем Тоскиќ е на патот да стане нов предводник на Целје Пивоварна Лашко.
39-годишникот досега во тренерската кариера го водеше само тимот на Чургои од Унгарија, а сега ќе го презеде кормилото во Словенија. Според пишувањето на „Balkan handball“, Србинот ќе го наследи Томаш Оцвирк.
Иако кандидати за клупата на Целје биле и Ивано Балиќ и Момир Илиќ, поранешниот играч на Вардар ќе го предводи тимот во следната сезона.
Тренерската кариера на Тоскиќ е скромна, но играчката како кружен напаѓач ја мина во Целје, Горење, Вардар, Загреб, Партизан, Фиделинка и Прибој.