• Горан Упале
Талентираниот босански ракометар, Алем Хаџиќ, пред неколку дена го раскина договорот со Еурофарм Пелистер и кариерата ќе ја продолжи во германската Бундеслига, откако официјално потпиша за Хамбург.
Деветнаесетгодишниот среден бек, кој е роден во Тузла, во изминатите две сезони настапуваше за битолскиот клуб, а зад себе има и настапи во Лигата на шампионите. Минатата сезона во домашното првенство постигна 53 гола и забележа 17 асистенции.
Хамбург внимателно го следеше младиот ас речиси една година и дека во него гледаат голем потенцијал.
„Преминот во Бундеслигата е голем предизвик и огромна можност за мене. Сакам да напредувам, да учам од новите соиграчи и секој ден да работам напорно“, изјави Хаџиќ по потпишувањето на договорот.
Планот на бундеслигашот е Хаџиќ да биде дел од првиот тим, но и да собира минутажа во вториот состав за полесно да се адаптира на најсилната лига во светот.





