Алем Хаџиќ апсолутно заслужено е МВП, тројца од Еурофарм Пелистер во идеалниот тим

Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер со две победи на квалификацискиот турнир во Букурешт се пласираа на „фајнал-фор“ во Лигата на шампионите за млади. До овој подвиг битолчани беа предводени од Алем Хаџиќ, младиот бек кој блесна на турнирот и ги собра индивидуалните признанија. 

Хаџиќ постигна дури 26 погодоци во два натпревари, тој беше прв стрелец на турнирот и апсолутен лидер на листата. Поради двете одлични и „двоцифрени“ партии бекот на пелистерци го доби МВП признанието за турнирот. 

Секако за Алем Хаџиќ имаше и место во идеалниот тим на овој турнир, заедно со Леонид Лозановски и Јован Марковски од таборот на Еурофарм Пелистер. Во изборот на најдобрите се најдоа уште Станчиу, Думитру, Негрила и голманот Матеи од Динамо Букурешт

Најнови вести од
Клупски пријателски